Костимот со панталони е една од најстандардните и најкористените комбинации во деловниот свет, која за да не биде досадна и демоде треба да се стилизира на модерен и поинаков начин. Овој пример, позајмен од уличната мода, покажува во која насока да се движите – изберете костим со модерен крој (панталоните пошироки и со должина до глужд, сакото со порелаксиран крој), во бои и дезен кој не е многу нападен, но сепак додава впечатливост, и комбинирајте со класични салонки, едноставна еднобојна блуза и чанта со коцкеста структура.
Нема коментари