Популарниот моден бренд „Зара“ секогаш нуди солиден асортиман на деловна облека, класични сакоа, молив-здолништа и памучни кошули, a за оваа сезона креираше облека што го задоволува бизнис дрекодот, но и трендот на карирана шара. Брендот добро знае што и како да облечете на работа, па предлага модерни и шик комбинации за во канцеларија. Доминираат кариран палта, панталони, здолништа, фустани, блузи од различни карирани отпечатоци, модели кои уште еднаш потврдуваат дека карото е хит на сезоната. Од комбинациите што ги гледаме на промотивните фотографии забележуваме колку добар контраст прави темно виолетовата боја со карираниот дезен, дека костимот од одлично стои со ролка, а „Зара“ предлага и фустани и здолништа со модерни кроеви и храбри споеви на три различни карирани шари.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари