Дизајнерот Карл Лагерфелд претстави мини колекција Karl Robot во која себеси се претставува како робот, а „улога“ има и неговата мачка Шупет. Карл и Шупет се претставени како футуристични роботозирани ликови на чанти, паричници, привезоци, маички и сандали. Некои од моделите од капсулната колекција веќе се дел од стилот на блогерките, манекенките и модните вљубеници, Кендал Џенер и Хејли Болдвин се веќе фотографирани во чанти од колекцијата, а во рекламната кампања се појавуваат Фреја Беха Ериксон и Баптист Џакобини.
Нема коментари