Спортскиот гигант Adidas и дизајнерката Стела Макартни ја продолжуваат соработката со нова колекција, кампања и со иновативен производ во облик на новите Parley UltraBOOST X патики направени од пластичен отпад собран покрај брегот на Малдиви. Заштитно лице на промотивната кампања е Карли Клос која позира, односно тренира во патиките и во облеката за вежбање како колоритни јакни, спортски маици, шорцеви и хеланки.
Адидас и Стела Макартни дизајнираа нови силуети и колекција во која се фокусираат не само на стилот и функционалноста, туку и на одржливоста. Во создавањето на патиките повторно соработуваа со организацијата Parley fot the Oceans, со чија помош го употребуваат собраниот пластичен отпад како материјал од кои тие се прават. Со купувањето и носењето на патиките барем малку учествувате во процесот на намалување на загадувањето на нашата планета.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари