• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Катерина Микрут сплете нова колекција инспирирана од облачниот град

Од Ана Несторовска · На март 26, 2014


Наоѓајќи убавина во облаците и сите нијанси на сивилото на градот, модната креаторка Катерина Микрут ја создала својата нова колекција Cloudy city за сезоната пролет-лето 2014. Линијата, која содржи 18 креации, ќе биде претставена в петок со ревија во рамките на настанот Fashion Month Skopje во Кафе „Стоби“, ГТЦ, со почеток во 21.30 часот. Микрут, која работи под етикетата Mikka Design, е позната по уникатните рачно плетени и везени парчиња облека и модни додатоци.
- Колекцијата ја правев сама од почетокот на јануари оваа година, сè до денес. Многу труд и многу задоволство понекогаш преплетени со чуство на демотивација поради финансиските пречи. Но сепак сум задоволна од резултатот, зашто во тие услови дадов сè од себе. Се надевам и планирам да продолжам понатаму со колекциите на наредните сезони… Инспирацијата за новите модели ја црпев од облаците во градот. Самата колекција е многу поврзана со мојата личност, зашто не сум обожавател на Сонце и прекрасно се чуствувам во урбана средина. Инспирацијата го донесе и спојот на тежината на урбаната средина со индустријалните елементи со леснотијата, подвижноста и минливоста на облаците. Овој спој го одразуваат креациите во кои претежно долниот дел на облеката (хулахопки, здолништа, панталони, чорапи) на некој начин се илустрација на урбаниот пејсаж додека горните делови (блузи, маички, елеци, фустани, накит) потсетуваат на облаците со сите нивни својства-вели креативката од полско потекло, која подолги години живее и работи во Македонија.

Катерина е од полско потекло, а повеќе години живее и креира во Македонија

Во колекцијата се застапени само неколку бои: црна, сребрена, сива како слика на индустриален карактер на урбаната средина и светла сина во спој со неколку други нијанси на облачно небо- бела, светла сива, пастелно розова. Во некои парчиња нијансите на бои од облачното небо се прелеваат.
-Колекцијата ги користи многу елементи на рачна изработка, има и рачно плетени парчиња, а овој пат си дозволив експериментални парчиња плетени од многу тенок рибарски конец за шиење. Од техниката успеав да добијам „слика“ на облаци со целата нивна нежност и минливост…со многу труд – време потребно да се сплете едно здолниште од ваков материјал е приближно месец дена. Индустријален карактер на урбаната средина е најчесто изразен преку пачворк техники на шиење од разни парчиња материјали – ефектот ме потсетува на структурата на градскиот пејсаж, прозори на згради итн, апликации од сребрена кожа и проџирен пластичен материјал во геометриските форми. Исто така има рачно сликани парчиња облека што го претставуваат погледот на некој град – вакви цртежи има неколку – на хулахопки, чорапи, маички, кошули-објаснува Катерина.

Катерина Микрут (трета десно) со тимот на Hard to explain на ревијата во декември 2013

Колекцијата е наменета за жени сигурни во себе си што сакаат да експериментираат со стилот, за кои облеката е делот од начин на живеење и секојдневен предизвик и авантура.
-Парчињата не се поврзани конкретно со некои трендови. За мене модата не се само свечени парчиња, сакам да ја вметнам во секојдневен живот на една жена- прошетка низ градот, излегување со куче, во продавница, на кафе, на факултет и работа (додека местото не ограничува со дрес код). Парчињата се претежно секојдневни, но со авангардна нота, се базираат на едноставни кројки а инспирацијата е изразена преку разни техники на рачна изработка и боите. Повеќето парлињата од колекцијата имаат можност да се мењнуваат измеѓу себе и во рамки на колекцијата може да настанаат многу повеќе од 18 креации. Исто така може да фукционираат и надвор од колекцијата во комбинации со другите парчиња. Во колекцијата ги користев памучните материјали, памучен конец за рачно плетење, жоржет, свила, кожа и пластика.
По ревијата Скопје Катерина планира да ги промовира моделите на Модната недела во Битола. Вели дека нема да се претстави на Моден викенд-Скопје поради финансиски причини. Колекцијата ќе биде достапна во ателјето Hard to explain во Старата скопска чаршија, со кое соработува една година.
-Локацијата е препознатлива по плетена бандера пред студиото – мојот мал придонес за urban knitting во Скопје. На почетокот на април планирам исто така професионална фотосесија со моите незаменливи Лени вон Гелева (фотораф) и Милена Атанасова (модел). Исто така планирам да овозможам купување преку мојата веб страна mikkadesign.com каде што досега можете да ја погледнете мојата досегашна работа, а во април ќе  ја раширам страницата за апликацијата за онлајн купување-вели таа.

Деновиве ќе сними фотосесија со својот испробан кретивен тим, фотографката Лени вон Гелева и креаторката Милена Атанасова како модел

Cloudy cityFashion Month SkopjeHard to explainMikka designurban knittingГТЦКатерина МикрутЛени вон Гелевамакедонски дизајнериМилена АтанасоваМоден викенд-СкопјеМодна недела во БитолаплетеноревијаСкопјеСтарата скопска чаршијаСтоби
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • 0 marella

    Александар Ношпал за Styling Sessions со Marella: „Има простор за сценскиот гламур и во секојдневието“

    мај 21, 2022
  • 1 zara

    Белиот фустан како моден евергрин во интерпретација на Zara

    мај 19, 2022
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    мај 19, 2022
  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022

Убавина

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • INT_EN_ECN_210006_210007_210008_Anti_Pigment_Skin_Perfecting_Serum_08_2021_static-_FBPost_v2

    Отстранете ги пигментните дамки и заштитете ја кожата во лето со Еуцерин

    мај 17, 2022
  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

    мај 16, 2022
  • manikir

    Розовата и црвената споени на ноктите за разигран пролетен маникир

    мај 9, 2022
  • 11 (1)

    Откријте го новиот производ од линијата Abeille Royalе на Guerlain кој ќе ја смири и ревитализира сувата кожа

    мај 2, 2022

Живот

  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022
  • Strawberry Chia Pudding

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

    мај 18, 2022
  • We edition 2

    Пет причини зошто онлајн шопингот е подобар

    мај 18, 2022
  • CUPIMG_5026

    Во услови на криза мора да се унапредат женските бизниси преку дигитални технологии

    мај 17, 2022
  • evropsko prvenstvo vo tanci (4)

    Приказната на Европското првенство во танци 2022 започна — Флешмоб од над 500 танчери во Ист Гејт Мол!

    мај 16, 2022

Култура

  • SM

    Марио Бионди со прв концерт во Скопје

    мај 17, 2022
  • image4-6

    Битола по 23-ти пат домаќин на Интернационален фестивал на монодрама

    мај 10, 2022
  • dimitar kondovski

    „Ретроспективна изложба“ на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

    мај 5, 2022
  • Изложба на Наташа Неделкова

    Отворање на самостојна изложба на Наташа Неделкова в сабота во МСУ

    мај 5, 2022
  • soc media post kosta petrov

    Промоција на книгата „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

    мај 4, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics