Три ѕвезди, три успешни стајлинзи
Трите актерки Никол Кидман, Марго Роби и Шарлиз Терон се појавија на црвениот килим на премиерата на својот заеднички филм Bombshell во Лос Анџелес облечени во успешни модни комбинации. Секоја беше во различен стил – смокинг костим, мини фустан и долга тоалета!
Никол за премеарат избра костим од црни панталони и светкаво смокинг сако на Сен Лоран, Шарлиз облече краток фустан со бретели и длабоко деколте, креација од колекција на висока мода на Диор, а Марго се појави во долг фустан во боја на лаванда на Џамбатиста Вали.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари