Сè почна со актуелизирањето на пончото во уличната мода. Потоа приказната се прошири со големите, XXL шалови, за да кулминира со волнени прекривки што се носат врз јакните и капутите. Навидум станува збор за обични ќебиња, кои штитат од студ, но тие се многу повеќе од тоа, тие се заштитници на новиот тренд во секојдневниот изглед. Овој практичен и повеќенаменски материјал, кој дизајнерите го стилизираа и скроиjа по мерка на современиот модно освестен консумент, стана задолжително парче во понудите на модните куќе за актуелната, но и за наредната сезона есен-зима 2014.
Моделите се инспирирани од традиционалните парчиња облека што ги носеле народите од Средна и Јужна Америка, индијанските племиња, како и во Азија. Во новите понуди застапени се т.н ќебиња-капути, ќебиња -фустани и ќебиња-шалови. Во продолжение се некои од најитересните верзии на стилизираните ќебиња, кои стилски ја покрија уличната мода, и дадоа нова димензија -смела, но крајно удобна и корисна.
Нема коментари