Шампањ и сок од портокал послужени во висока чаша се состојките на едноставниот и доста популарен коктел „Мимоза“. Но, за време на летните топли денови портокалот можете да го замените со лубеница, па ќе добиете летна и освежителна верзија на „Мимоза“. Потребни ви се шампањ или некое друго пенливо вино, блендирана лубеница и малку сок од лимета. Лубеницата исчистена од семките може прво да ја замрзните – пред го послужите коктелот, извадете ја лубеницата од ладилникот, ставете ја во блендер и измиксајте ја за да добиете течност, потоа сипајте ја во високи чаши, додадете малку сок од лимете и на крајот налијте шампањ. Украсете со ливчиња од свежо нане и парчиња лубеница.
Нема коментари