Во сезоната на јагоди ви предлагаме два коктела со ова овошје, едниот на база на џин, вториот со пенливо Просеко. Освежувачки и слатки, совршени за следното дружење со пријателите.
Јагоди со џин и нане
- Шест јагоди
- Неколку листови свежо нане
- 20 мл од омилениот џин
- 60 мл минерална вода
- Засладувач (стевиа, мед или агаве)
- Малку сок од лимета
- Скршен мраз
Половина од јагодите, нането, сокот од лимета и засладувачот се стваат во шејкер, малку се затресуваат и потоа благо се гмечат состојките за да пуштат арома. Се додаваат останатите состојки. Се декорира со малку јагоди и се ужива.
Просеко и јагоди
- 150 мл Prosecco
- 30 мл сируп од бозел
- 1 лимета
- Неколку листови нане
- Неколку јагоди
- Минерална вода по желба
- Лимон по желба
Во чаша се ставаат сокот од лимета, две-три јагоди здробени за да пуштат арома, и скршен мраз, а потоа се додаваат просекото и сокот од бозел. По желба се додаваат минерална вода и кришки лимон. Коктелот се меша и се украсува со тенки кришки јагоди и малку нане.
Нема коментари