Музичката ѕвезда Рита Ора се здружи со дизајнерот на чевли Џузепе Заноти за да креираат заедно ексклузивна капсулна колекција. Заноти и претходно соработувал со познати личности и направи колекција заедно со Џенифер Лопез. Ова здружување гo почнал така што ја прашал Рита да му покаже фотографии на чевлите што ѝ се имилени и оттука тргнале да се редат идеите. Соработката не е случајна, бидејќи Рита многу често ги носи чевлите на Заноти.
Дизајнерот Џузепе вели дека е стара школа и креирањето го почнува со рачно нацртани скици и со рачно моделирање на првиот примерок. Така почна да се создава и оваа колекција во соработка со Рита Ора. Тие заедно подготвија неколку модели на сандали со тенки потпетици, mule влечки и чизми со детаљ во вид на дебел синџир. Заноти вели дека колекцијата ги отсликува истовремено неговиот бренд и личноста на Ора, а синџирот како заштитен знак на колекцијата ја претставува панк-рок генерацијата. Моделите од оваа колекција ќе почнат да се продаваат кон крајот на месецов.
Нема коментари