Приказната и популарноста на брендт Cult Gaia почна со чантата Ark – полукружна од бамбус која за кратко време доби култен статус и стана хит на Инстаграм. Но, брендот основан во 2012 година има и други стилски адути. Неколку сезони Ark чантата доминира во лените комбинации, а дизајнерката на Cult Gaia Јасмин Ларијан го прошири својот бренд и на претапорте колекција на облека, која исто така се покажа како барана и посакувана. Дизајнерката останува верна на својата убов за винтиџ мода и во тој стил ја создаде и колекција за пролет-лето 2018 во која доминираат дрвените и плетени торби и фустаните со ретро силуета и принтови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари