Викторија Бекам повторно се здружи со козметичката компанија Estee Lauder и ја претстави колекцијата на шшминка за пролет 2017 во која доминираат неутрални нијанси. Колекцијата всушност го отсликува начинот на кој се шминка Викторија – очи обоени во потемна сенка, руменило кое не е премногу нагласено, но ги истакнува јаболчниците и бежов кармин. „Со оваа колекција верувам дека креирав сè што треба да имате во вашиот несесер. Како жена која сака да се шминка, ова е точно она што сакам. Сега сум среќна што можам тоа да го споделам со жените низ целиот свет“, вели Викторија.
Колекцијата содржи дневен крем со микро перли (Morning Aura Illuminating Cream), кој се нанесува самостојно и како прајмер за шминка, потоа кармин во Nude Spice нијанса, сјај за усни во топла бежова боја Moroccan Heat , кремаст ајлајнер, двобоен молив за очи Black Saffron/Vanille, сенки за очи во темносива и бронзена нијанса, две нијанси на бронзер и хајлајтер, а има и црн несесер кој ги спојува сите овие парчиња шминка.
Нема коментари