Моделот Дајан Контерато е ѕвезда на едиторијалот за априлскиот број од бразилското издание на магазинот Harper’s Bazaar. Таа пред фотообјективот на Танасис Крикис од 10 Artists Management позира во креациите од колекцијата есен-зима 2014/15 на италијанскиот бренд „Валентино“. Моделите премиерно беа презентирани минатиот месец во Париз. На фотографиите направена е контраст меѓу сивилото на спомениците и објектите со игривоста и топлите тонови на парчињата облека со поп-арт инспирација на „Валентино“. Моден уредник е Ким Грена Бачард, фризурата е на Кристос Каланиотис, а шминката е на Фофи Матиас.
Нема коментари