Во мноштвото на бои и техники за боење на косата кои постојано се појавуваат, оваа зима се издвои една која според стилистите и фризерите им прилега скоро на сите. Таа нова трендовска боја го дели името со зачинот цимет и е топла нијанса на кафена со црвенкаст отсјај. Иако со тоналитетот повеќе потсетува на есенските бои, се предвидува дека хит ќе биде во претстојните зимски месеци. Ја има во варијации од светли до темни нијанси, како и од топли со портокалов подтон до ладни црвенкастокафени тонови. Може да се нанесе на поголем дел од косата, или во прамени користејќи ја бајлаж техниката. Се прилагодува на сечиј тен, па оваа боја убаво им стои скоро на сите жени.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари