Секоја сезона одредени модни парчиња се издвојуваат од мноштвото брендови и колекции и толку многу ги фасцинираат трендсетерките и вљубеничките во мода, што брзо стануваат тренд и хит на Инстаграм. Таков е случајот со карираните панталони од последната колекција на „Манго“, претходно со зеленото кимоно на „Зара“ и палтенцето од истиот бренд, маичката на „Гучи“, винилното мини здолниште на „Манго“, а минатата сезона H&M имаше еден хит во форма на летен фустан со шара на лимони и цветови.
Новото омилено парче доаѓа од понудата на шведскиот моден бренд H&M во форма на бела кошула со панделка и со крупни црни точки, а кое веќе ги преплави социјалните мрежи , блоговите и популарниот Инстаграм. Во што е привлечноста?! Оваа блуза е впечатлива, без да е премногу наметлива, има волуменозни ракави и форма инспирирана од стилот на 70-тите, точки како дезен што е тренд сезонава, а одлично се комбинира со фармерки и панталони, со ПВЦ панталони и точкесто здолниште ако сте похрабри во стилот, со сиво молиц здолнипте или плисиран модел, под капути и авијатичарски јакни, а се надополнува со актуелните обувки и детали.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари