Женскиот костим со панталони никогаш не бил толку популарен како последниве сезони, a во новите верзии на дизајнерите и хајстрит-брендовите среќававаме порелаксиран крој, широки панталони со виосока половина, и она што е моден императив сезонава – во пастелни тонови. Модели во розови, сини, виолетови, зелени, жолти пастелни нијанси доминираат и во учичната мода која нуди неизмерно многу инспирација на овој стил.
Костимите ја надминаа границата на деловна комбинација и сега може да се носи буквално во секаква пригода од денски до вечерен изглед. И се носи со различни стилови, со маичка со принт, свилена блуза, кошула или на голо, со патики, чевли на шпиц или со елегантни сандали, со впечатлива чанта во контрасна боја или плетена торба.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари