Дизајнерот препознатлив по обувките со црвен ѓон сè повеќе е сконцентриран на неговата колекција на шминка, најново од Кристијан Лубутан е линијата производи за очи која содржи моливи за туш, маскара и моливи за очи и веѓи. Наречена Les Yeux Noirs, линијата е за оние што сакаат драматична шминка на очите, а производите се спакувани во впечатлива амбалажа во кој доминира шпицот како аналогија на чевлите со тенки потпетици. Имаат висока пигментација и се инспирирани од катакали, вид на класичен индиски танц, во тој танчерите имаат екстравагантна шминка околу очите. Цените се 40 до 75 долари за маскарата, а овие производи ја дополнуваат бјути колекцијата на Лубутан во која веќе има кармини, сјаеви за усни, лакови за нокти и парфеми.
Нема коментари