Познатиот дизајнер на чевли Кристијан Лубутан во соработка со Кралскиот балет во Лондон претстави неколку модели инспирирани од балетот „Заспаната убавица“, кој повторно се враќа на репертоарот на балетската компанија. Оваа соработка за Лубутан е очигледен чекор. „Танцот отсекогаш бил клучен за мојата работа. Бев инспириран од магијата на нивните настапи и „Заспаната убавица“ се чинеше како совршена прилика да се претстави светот на бајките и принцезите во чевли“, вели дизајнерот. Во капсулната колекција има неколку модели со високи потпетици, како и ниски верзии кои потестуваат на балетски чевли. На чевлите има мотиви на роза и трње, кои реферрираат на приказната од балетската претстава.
Нема коментари