Кристијан Лубутан инспириран од хороскопските знаци и соѕвездијата создаде мини колекција од шик чевли – два стила на обувки со рачно извезени ѕвезди, кои се продаваат на Moda Operandi. Едните се балетанки, а другите mule-папучи со отворени прсти. Бидејќи станува збор за лимитирана серија, Лубутан направи само 45 пара чевли, а постои опција чевлите да бидат персонализирани со вашето име и одреден датум. Но, сето тоа доаѓа со одредена цена – дизајните чинат 2.000 и 2.200 долари.
Колекцијата е дел од проектот Créateurs на луксузната онлајн-продавница Moda Operandi, која по повод петтиот роденден на своите купувачи ќе им понуди ограничени едиции на капсулни колекции од различни дизајнери.
Нема коментари