Најголемите холивудски и модни ѕвезди прошетаа на црвениот килим на балот во Метрополитен музејот во гардероба инспирирана од Кина, темата на големата изложба во Институтот за костими при музејот, а еден од најголемите трендови што го забележавме во нивниот изглед беа големите украси за глава, златните круни и останатите парчиња со кои ја украсија косата. Највпечатлива беше Сара Џесика Паркер која што фустанот од H&M го дополни со огромен украс дизајниран од Филип Трејси. Ријана, Зендаја и Карен Елсон избраа орнаментирани златни круни, а довоно драматична беше и Лејди Гага со црна круна од мониста. Украсите за глава дефинитивно ги заменија масивните и впечатливи ѓердани на црвениот килим.
Нема коментари