Лејди Гага влегува во козметичкиот бизнис и го лансира брендот Haus Laboratories. Нејзината козметичка линија се однесува на шминка, а таа вели дека се инспирирала од првите денови кога се пробивала како пејачка во Њујорк и се шминкала на драматичен начин кој станал препознатлив во нејзиниот стил, користејќи поевтина драгсторска шминка.
„Бојата е целосно трансформативна – моќна е, убава е, и преку шминката го пронајдов мојот глас“, изјави Лејди Гага за BoF.
Почнувајќи од септември Haus Laboratories ќе продава сетови од сјај за усни, молив за усни и боја во секаква форма, но првите нарачки може да се направат на 15 јули. Брендот на Лејди Гага ќе биде антитеза на козметичкиот свет креиран на социјалните мрежи и фотографиите на кои се гледа изглед кој поминал низ безброј филтри и Face Tune.
Ова може да се забележи и на првите промотивни фотографии на кои Лејди Гага е драматично нашминка, но сепак ја насетуваме вистинската текстура на нејзината кожа и фотографиите очигледно не се претерано фотошопирани.
Haus Laboratories е исто така првиот голем козметички бренд кој ќе се продава ексклузивно на онлајн платформата Amazon.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари