Козметичката компанија Lancôme често соработува со модните дизајнери, но за новата капсулна колекција на шминка ја ангажира познатата модна блогерка и во последно време дизајнерка Кјара Ферањи. Тие заедно креираа заедничка колекција што содржи мултифункционална палета, кармини, сјаеви за усни и маскара. „Сакав да создадам колекција на шминка која што стопроцентно ќе го рефлектира мојот стил. Одлучив мојата идеја да ја реализарам со Lancôme“, изјави Ферањи која веќе е амбасадорка на овој козметички бренд.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари