Славниот модел на фармерки на Левис, 501, симбол на младоста и бунтот кај неколку генерации на светската, но и на домашната сцена, се враќаат во мода, барем според вкусот на модните блогерки и славните трендсетерки кои од гардероберите ги извадија старите левиски. Со ретро изглед од 80-тите и од раните 90-ти, левиските се комбинираат со модерни парчиња за да се постигне посовремен изглед. Компанијата „Левис“ пред две години го релансираше моделот 501, но модните вњубеници некако повеќе ги преферерираат старите износени фармерки, кои станаа повторно актуелни заедно со моделот 505, за кој Vogue смета дека се најдобро чуваната тајна меѓу познавачите на винтиџ модата, бидејќи во нив задникот изгледа најдобро.
Малку остарени и поткинати, широки и потвиткани, понекогаш асиметрично пресечени во долниот дел, старите левиски добиваат нов изглед благодарение на добро осмислениот стајлинг. Винтиџ левиски носат Леандра Медина од Men Repeller, блогерката Елин Клинг, уредничката на француски Vogue Емануел Алт, Кара Делевињ, Дајан Кругер, кои фармерките ги комбинираат со едноставни бели кошули, шарени сакоа, необични сандали, класични салонки, патики, кожени јакни, пругасти блузи, челси-чизми…
Нема коментари