Вкусниот шпански пијалок на база на вино е омилен меѓу сладокусците, а за ова лето ви предлагаме една поздрава и поосвежителна верзија која содржи помалку шеќери и сируп. Почнете со квалитетно црно вино, кое како што знаете е богато со антиоксиданси, а потоа додадете овошје богато со влакна како јагоди, портокали и круши. Се разбира, ова и понатаму е алкохолен пијалок, па пијте умерено. За подготовка ви се потребни еден литар црно вино, ¼ шолја триплсек сируп од портокал (овој дел може да го избегнете), 2 шолји газирана минерална вода (може со вкус на лимон), 1 круша исечена на кришки, 1 шолја свежи јагоди исечени на парчиња, 2 портокала исечени на кришки заедно со кората, ¼ шолја сок од портокал без шеќер, а може и неколку парчиња ананас. Сите состојки, освен минералната вода, измешајте ги во голем бокал и напитокот оставете во фрижидер да отстои барем пет часа, а газираната вода додадете ја непосредно пред сервирање. Дополнете го бокалот со мраз и забавата може да почне! Иако оригиналниот рецепт е со црно вино, јаболка, портокал и малку коњак или амарето, често се прават нови верзии со малини, праски, овошни ликери, бело вино или розе, нане, па дури и босилен за збогатување на вкусот.
Нема коментари