Ниските блок-потпетици се новите стилето-потпетици. Така барем сметаат модните трендсетерки и блогерките кои за летово предлагаат да ги заборавите високите и тенки потпетици и да изберете ниски сандали и чевли со коцкести, таканаречени блок-потпетици. Последниве сезони тенките потпетици беа заменети со подебели и во стилот на 70-тите, но летото 2016 е во знакот на пониски сандали. Најчесто во црни и беж верзии, понекогаш со потпетици украсени со камчиња и бисерни топчиња, блок-сандалите може да се комбинираат со флуидни фустани или кратки од тантела, трендовски килот-фармерки и блуза со голи рамена, панталони во секаков вид и тексас-шорцеви.
Нема коментари