За оние работни места во кои важат кодовите на деловното облекување, но и дозволуваат одредена доза на лежерност, предлагаме комбинации како панталони, сако, кошула и ниски чевли, понекогаш фармерки, сако и оксфорд-чевли, а неретко и широки панталони со тенок џемпер и бели патики. Забележувате дека ротираат парчиња како сако, тесни панталони, блузи, едоставни кошули, тенки џемпери, трендовски килот-панталони, како и ниски обувки и патики. Тие припаѓаат на делот на кежула мода и како деловна облека ги заменуваат строгите костими, молив-здолништата и салонките, но само во канцеларии и професии кои дозволуваат полежерен стил.
Нема коментари