Козметичката куќа Lancôme за прв пат соработува со Инстаграм инфлуенсерка во креирањето на своите производи и ја избра бразилската блогерка Камила Коеље со која здружно работеше на нова колекција на кармини. Камила има преку 7 милиони следбеници на Инстаграм и преку милион претплатници на својот You Tube канал на кој објавува туторијали, па Lancôme смета дека оваа соработка ќе привлече голем број на вљубеници во шминката.
Коељо заедно со главната шминкерка и креативна директорка на Lancôme Лиза Елдриџ осмисли 10 нови кармини од линијата L’Absolu Rouge во бои кои се омаж на нејзиното бразилско потекло – од дречливо корална до темно виолетова. Колекцијата Lancome L’аbsolu Rouge x Camila Coelho беше претставена деновиве на настан во Њујорк. Чекаме да дојде и кај нас!
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари