Под мотото #SupportTheArtist по 14. пат во скопското кафуле „Љубов“ на 12 мај (четврток) ќе се одржи „Љубовниот базар“. Посетителите ќе може да погледнат и набават уникатни модни додатоци и украси од повеќе од 10 македонски дизајнери и креативци. Најавено е учеството на Em Ellephantski, Ema Morrison Mitkoska со „УрбанЕра“, Марина Зоксимовска, Naer Vaer, Figura 3Д принтан накит, Јасмина Главинче со Wizart Craftivism, Julija Barbun, Artist, „Никулец“, Катарина Парго, Маја Стојковска со Mei Ro, Алма Идризи со AlmArt jewelry и Карло Хорват. Настанот почнува по завршување на работниот ден, во 17 часот. За музиката ќе биде задолжен Јанконен.
Нема коментари