По повод Денот на вљубените, 14 февруари, во скопското кафуле „Љубов“ ќе се одржи еднодневен базар на модни додатоци и украси. На Љубовниот базар на рачно изработени предмети, накит и аксесоари ќе може да се погледнат и набават уникатни дизајни од Глигор Кузмановски, Нина Симовска (Just Because), Карло Хорват, Наде Димушевска, Симона Гареска, Ана Ромо Димитровска и Марина Зоксимовска. Ова е втор ваков базар кој се организира во кафе бар „Љубов“ под мотото „Support the Artists“. Настанот ќе почне точно на пладне и ќе трае до 18 часот, а ќе биде надополнет со одлична музика и мирис на варено вино.

Накит од Глигор Кузмановски

Дизајни на Нина Симовска (Just Because)
Нема коментари