• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЛУДУС: Модно толкување на соништата со линијата Yume

Од Ана Несторовска · На април 29, 2014


Приказната и идеите на филм „Соништа“ (Yume) на култниот режисер Акира Куросава подолго време создавале кретивен немир кај дизајнерот Драган Христов, што прераснал во инспирација за нова колекција под брендот „Лудус“. Посебен моден предизвик за него се соновите што се повторуваат, кои ги раскажува со линијата за  пролет-лето 2014. Таа е  наречена Yume, што на јапонски значи соништа.
-Филмот е мој предмет на обработка повеќе години, а интересот за толкувањето на соништата е нешто што кај мене започна со создавањето на колекцијата. Соновите што се повторуваат (reccuring dreams) ми станаа особено интересни за визуелизација. Јазикот на потсвеста е сличен со модниот, по пат на симболи можно е да се создаде цел свет. На лично ниво, сликите од оваа колекција ги обработуваат моите лични чести соништа. Па така сликите раскажуваат за косата, забите, голотијата, срамот итн. Симболи што се чести во сечии сонови-вели Христов.

Фотографиите ги сними Жарко Чулиќ, а како модел се јавува  Ана Калачоска

За оваа колекција за првпат соработува со Билјана Каровска, ликовен уметник кој се занимава со рачно сликање на свила и слични материјали. Во колекцијата веднаш се забележуваат налсиканите воилетово – портокалови мотиви што даваат поинаков печат на парчињата. Ги прават препознатливи и неповторливи. Производството во мали серии и неможноста да се повтори парчето облека дава посебна вредност на оваа колекција. Следствено на трендовите, застапени e виолетовиот жакард со светкава структура – виолетов жакард, трендовската пудра боја и секако белиот транспарентен свилен жоржет.

Моделите се надополнети со рачно сликани елементи од уметницата Билјана Каровска

- Како и останатите производи на „Лудус“, оваа колекција е наменета за жена со креативна професија и комплексен и фасцинантен карактер која има потреба сето тоа да го соопшти преку надворешниот изглед. За прв пат дел од колекцијата ќе биде прикажана во галеријата во МКЦ за време на Super Design Pop-Up Store. Веднаш потоа ќе се доработи и ќе се продава во концептуалната продавница Just Because во Скопје. Клиентите инаку можат да ja следат нашата „Фејсбук“ страна за да бидат информирани навреме за сите наши новости- вели тој.

Стајлингот го направи блогерката Мартина Неделковска

Неодамна направи промотивен lookbook за колекцијата со манекенката Ана Калачоска и со фотографот на Жарко Чулиќ.
-Работата на каталогот е секогаш мое особено задоволство. Беше фантастично да се работи повторно со Ана Калачоска, уште повеќе затоа што бев фиксиран моделот да има портокалова коса. Студиото „Панаш“ заврши одлична работа со нејзината боја на коса, како и со шминиката. Покрај фотографот Жарко Чулиќ имав одлична соработка и со блогерката Мартина Неделковска, која го направи стајлингот.


На 9 и 10 мај во галеријата во Младинскиот културен центар – Скопје,  Драган организира дводневна поп-ап продавница Super Design Pop-Up Store. На настанот кој ќе трае од 12 до 22 часот ќе учествуваат повеќе домашни дизајнери и брендови.
-Покрај лукбукот за новата колекција, периодов го организирам засега најголемиот поп ап стор во галеријата при МКЦ, Скопје. Проектот им нуди на македонските дизајнери продажба на сопствените колекции, како и соодветн промоција. Овој настан треба да ги соедини на еднo место во текот на тие два дена македонските млади дизајнери и од тоа да се родат понатамошни соработки, покрај тоа што ќе се поврзат директно со клиентелата на сите 20 дизајнери.

Засега потврдено е учеството на : ЛУДУС, Лидија Георгиева, „Атами и Гаја“, Chic Undercowear, Елена Спасовска, Јелкица Поповска, Acidwear Girls, „Линија“, Kapka Jewelry,„Еклектика“, Елена Ристовска, „Бипарт“, Билјана Каровска, Елена Поповска, Симон Ангел, Билјана Каран, Mikka Design и Bastet Noir. Целта на настанот е да се даде можност на дизајнерите да допрат до поширока маса, да се направи слика за македонскиот комерцијален дизајн во моментов. Доколку овој настан е успешен, веднаш почнуваме со организација на следниот…-додава тој.


Oваа година Драган планира да ја посвети на промоцијата на „Лудус“ на странскиот пазар. Yume беше претставена на престижниот саем Modepalast во Виена овој март. Оствари соработки со неколку бутици во Виена, Берлин, Сараево и Софија изминативе две години. Учествуваше и на Софиската недела за дизајн и месецот на дизајн во Љубљана.

Acidwear GirlsBastet NoirChic UndercowearJust BecauseKAPKA JewelryMikka designSuper Design Pop-Up StoreYumeЈелкица ПоповскаЉубљанаАкира КуросаваАна КалачоскаБерлинБилјана КаранБилјана КаровскаВиенаДраган ХристовЕлена ПоповскаЕлена Ристовскаелена спасовскаЖарко ЧулиќЛидија ГеоргиевалинијаЛудусмакедонски блогеримакедонски дизајнериМартина НеделковскаМКЦПанашПоп-ап продавницапролет-лето 2014СараевоСимон АнгелСофијаСофиската недела за дизајн„Атами и Гаја“„Бипарт“„Еклектика“„Соништа“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • 0 marella

    Александар Ношпал за Styling Sessions со Marella: „Има простор за сценскиот гламур и во секојдневието“

    мај 21, 2022
  • 1 zara

    Белиот фустан како моден евергрин во интерпретација на Zara

    мај 19, 2022
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    мај 19, 2022
  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022

Убавина

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • INT_EN_ECN_210006_210007_210008_Anti_Pigment_Skin_Perfecting_Serum_08_2021_static-_FBPost_v2

    Отстранете ги пигментните дамки и заштитете ја кожата во лето со Еуцерин

    мај 17, 2022
  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

    мај 16, 2022
  • manikir

    Розовата и црвената споени на ноктите за разигран пролетен маникир

    мај 9, 2022
  • 11 (1)

    Откријте го новиот производ од линијата Abeille Royalе на Guerlain кој ќе ја смири и ревитализира сувата кожа

    мај 2, 2022

Живот

  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022
  • Strawberry Chia Pudding

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

    мај 18, 2022
  • We edition 2

    Пет причини зошто онлајн шопингот е подобар

    мај 18, 2022
  • CUPIMG_5026

    Во услови на криза мора да се унапредат женските бизниси преку дигитални технологии

    мај 17, 2022
  • evropsko prvenstvo vo tanci (4)

    Приказната на Европското првенство во танци 2022 започна — Флешмоб од над 500 танчери во Ист Гејт Мол!

    мај 16, 2022

Култура

  • SM

    Марио Бионди со прв концерт во Скопје

    мај 17, 2022
  • image4-6

    Битола по 23-ти пат домаќин на Интернационален фестивал на монодрама

    мај 10, 2022
  • dimitar kondovski

    „Ретроспективна изложба“ на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

    мај 5, 2022
  • Изложба на Наташа Неделкова

    Отворање на самостојна изложба на Наташа Неделкова в сабота во МСУ

    мај 5, 2022
  • soc media post kosta petrov

    Промоција на книгата „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

    мај 4, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics