Иако во високата мода неизвесноста, изненадувањето и шокот се присутни секогаш, сепак, никој не се надеваше дека брендови, кои со години наметнуваат луксуз, елеганција и префинетост, ќе одлучат во своите колекции да вметнат патики за трчање и тренинг. Од естетска гледна точка, станува збор за обуква која дава погруб изглед на ногата, но гледано од агол на практичноста-ова можеби е најудобниот модел што престижните модни куќи го лансирале со години.
Мразот го скрши „Диор“, по што му се придружи и „Шанел“, кои направија суптилен спој на нивните линии за пролет-лето 2014 со патики. Станува збор за уникатни модели, извезени со кристали , благодарение на што и чинат повеќе од „обичните“ спртски модели, но во удобноста и начинот на носење не се разликуваат. Тие се своевиден луксузен чекор код иднината на модата.
„Диор“, кој во многу нешта е лидер на модната сцена, откако деновиве промовира видеоснимка на која се гледа како настанува една бајковита couture креација, сега овозможи во gif форма да ја проследиме и линијата со луксузните патики.
Секој модел од футуристичките патики од колекцијата Fusion, кои премиерно беа претставени во февруари оваа година на ревијата на „Диор“ е рачно изработен, украсен со скапоцени каменчиња и чини повеќе од 2.000 фунти.
Нема коментари