Австралиската супермоделка Миранда Кер позира на насловната страница на февруарскиот број на американскиот магазин Harper’s Bazaar, а на себе носи само црни панталони, златен ѓердан и огромен шешир од J.W. Anderson. Во интервјуто Миранда зборува за својот син Флин, за поранешниот сопруг Орландо Блум и вели дека во моментов не ѝ треба љубовна врска. И на останатите фотографии што ги потпишува Тери Ричардон, Миранда изгледа сексапилно во креации од „Живанши“, „Версаче“ и „Балман“ со истакнато деколте и висок шлиц. Манекенката зборува за нејзиниот пробив во врвот на модата и открива дека Никола Геские, сегашниот креативен директор на „Луј Витон“ ѝ ги отворил вратите на индустријата. „Тој навистина веруваше во мене кога многу луѓе не веруваа“. Денес Миранда е заштитно лице на повеќе брендови кои спаѓаат во категоријата на комерцијална мода, како Victoria’a Secret, и најчесто тоа се брендови кои се неколку скалила подолу од брендовите на висока мода и луксузните модни куќи. „Ако си во една категорија, тогаш припаѓаш во таа категорија, а најчесто е тешко да го смениш тоа“, вели Миранда за нејзиното позиционирање на модната сцена.
Нема коментари