Поп пејачката Ријана на насловмната страница на мартовскиот број на американски Harper’s Bazaar е во златно издание, со златен комбинезон од „Балман“ и повеќе парчиња накит, но на внатрешните страници работите стануваа многу поопасни. На 40-годишнината од „Ајкули“, уредниците на магазинот се инспирираа од филмот и од една фотографија на која режисерт Спилберг е во челуста на една ајкула, па ја рекреираа истата поза со Ријана. Пејачката исто така храбро позираше огромен базен со ајкули. Фотографиите ги направи Норман Џин Рој, а Ријана носи костими за капење од „Нарбери“, Mugler, „Шанел“ и Gottex.
На прашањето во интервјуто за магазинот која е најголемата авантура што ја доживела Ријана вели: „Најголемата авантура? Ме зезате? Само што се фотографирав со ајкули. Тешко е тоа да се надмине“.
Нема коментари