• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Магнетик со македонските актерки: САЊА АРСОВСКА – Храбра, динамична и секогаш со став

Од stylist @StylistMKD · На ноември 28, 2018

sanja arsovska (6)

Ја познаваме по актерските игри во театар, на телевизија, филм, од популарниот проект за деца „5+ Фамилија“. Таа е храбра и со став како активистка на повеќе општествени теми. Сега Сања Арсовска се најде и во улога на модел на креациите на италијанскиот бренд „Марела“, дел од серијалот на групацијата „Магнетик“ посветен на домашните актрки.

Работиш во Драмски театар, а пошироката публика те препознава и по детското шоу „5+ Фамилија“ и по ТВ-серијата „Инсајдер“. Немаш проблем да бидеш дел од различен уметнички израз. Што научи за себе од овие различни искуства? Која е следна форма од која би сакала да бидеш дел?

-Научив што можам, а што не можам, што прави да се чувствувам лагодно, што ме затвора. За форма не знам, секоја што ќе има смисла и за која ќе вреди да се препуштам целосно.

Која претстава те има воодушевено последно?

-„Странци“ во Драмски. Не затоа што јас сум во неа, туку затоа што е комплетно театарско остварување, затоа што Нела Витошевиќ како режисер успеа да спои толку различни актерски енергии на сцена и тие да функционираат беспрекорно како едно тело. Затоа што долго чекавме таква претстава да му се случи на Драмски.

sanja arsovska (1)

Претставата „Бог на Масакрот“во режија на Витошевиќ, поставена на сцената на Народниот театар во Штип наиде на огромен интерес и воодушевување. Какво е искуството после седум години да одиграш повторно претстава на сцената на народниот театар во Штип?

-Штипскиот театар е место кај што почнав со кариерата и секогаш ќе го чувствувам како посебен и свој. И кога после 7 години стапнав на таа сцена, го почувствував истиот мирис, истата радост. Како да си живеел некаде далеку и си се вратил дома.

Работата на претстава е работа со цела плејада од уметници, актери, режисери и цел тим кој работи и дише заедно. Која претстава на која си работела е една од оние чија енергија нема да ја заборавиш, енергија која те променила и мотивирала?

-„Бог на масакрот“. Тоа беше моја втора соработка со Нела Витошевиќ, после цели 5 години. По завршувањето на една од последните проби, почнав да плачам како мало дете. Од среќа, заради некаква чудно убава енергија што беше присутна меѓу нас актерите. Многу ретко можеш да сведочиш во театар на претстави во кои постои една идентична енергија кај цела екипа и тие си ја разменуваат и надополнуваат. Тоа е едно од најблагородните нешта, сите да се фокусирани на доброто на претставата, а не изолирано на својот личен перформанс и секогаш ќе им бидам благодарна на екипата што ми обозможи да го почувствувам тоа.

sanja arsovska (9)

Дали сметаш дека можеш да научиш многу за човекот од неговиот личен стил на облекување?

-Освен неговиот социјален статус и чувство за естетика, не мислам дека може да се процени за каков човек се работи. Облеката може да даде некои карактерни назнаки, не сметам дека може да го определи човекот. Но, морам да признаам дека чуѓе со добри чевли и откачени чорапи уживаат посебно внимание кај мене. Звучи снобовски знам, ама што да правам кога полудувам кога ќе видам добро комбинирани чевли со чорапи.

Која комбинација на облека е Сања?

-Нешто од 60-тите години, сметестено во Париз.

Како се подготвуваш за премиера? Како изгледа твојот ден пред премиера?

-Не се разговара со мене, апсолутно сум отсутна и свртена кон себе, не ми треба ни храна, ни вода. Имам една чудна навика на денот на премиера. Да се качам на вага и да мерам килажа. И ако имам под 45 килограми, значи дека сум завршила голема работа. Многу често знам и да чистам на денот на премиера, морам онаа чудна нервоза да ја исфрлам некако.

sanja arsovska (3)

Последниве две години се реализираа успешни ТВ серии во кои учествуваше и ти. Дали овој тренд сметаш дека треба да продолжи?

-Апослутно дека треба да се продолжи. Со последните серии што беа снимени, се покажа дека можеме да извадиме добар домашен продукт, кој освен уметничка, содржи и општествена и културолошка вредност.

Дали има нешто што те држи залепена за телевизор? Ако да, како изгледа овој посебен ритуал?

-Не сум нешто зависна од телевизор, но знам да се закачам на добри серии.  Не само што ќе се закачам, почнуваат да ми влијаат на однесувањето и живеењето воопшто.

Што се спрема следно? Дали има нов проект на кој работиш?

-Моментално во Драмски театар спремаме нова претстава „Крал Иби“ во режија на Васил Христов. Особено сум возбудена што ми е доверен машки лик, принц на 14 години со Хамлетовски дилеми и Ромеовска љубов во себе. Едвај чекам да ѝ ја подариме претставата на публиката.

sanja arsovska (7)

Модел// Сања Арсовска

Облека// Марела

Фотографии// Елена Фиданска

Шминка и фризура// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

sanja arsovska (8)

sanja arsovska (5)

sanja arsovska (2)

sanja arsovska (4)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics