• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
шминка-фризура 0

Make Up Portfolio: Виктор Мирчевски

Од stylist @StylistMKD · На мај 31, 2016
1

Шминкерот фотографиран од Фросина Илиевска

Некому познат како колега од граѓанскиот сектор, некому како верен соработник и реализатор на замислите во декоративната козметика, некому како шминкерот кој ме направи најубава за онаа прослава. Како и да ви е познат Виктор Мирчевски повеќе од 10 години е препознатлив по својот индивидуализиран пристап во шминкањето. Тој во своето портфолио вбројува соработки за промоција на препознатливи брендови во декоративната козметика како што се: Yves Saint Laurent, Lancôme, Max Factor, Oriflame и други. Најчесто работи шминка за модни едиторијали, а вели дека посебно уживање му се и театарските проекти. Соработува со повеќе македонски модни дизајнери, а работи и на развој на брендот на Ирина Тошева. Актуелни се неговите видеа за шминка во соработка со Еликсир Ексклузив парфимериите каде пренесува едноставни совети и трикови.

Инаку, Виктор е магистрант по политички науки и работи во граѓанскиот сектор. Тој е Програмски соработник на Конект – организација што се занимава со општествена одговорност на претпријатија и филантропија. Вели дека не би можел без едната или без другата професија.

Во нашиот разговор за Stylist.mk сподели полезни препораки и совети.

2

Модел: Фанија Гиачо/ Фото: Миладин Паповиќ

Кои се главни тененции во шминката за пролет-лето 2016?

Повторно пробајте дали ви стои сина сенка. Трендовската палета на бои се движи од кралска сина до азурна. Друга тенденција е да одберете пастелно корални нијанси. Трепките се раздвоени, а вештачки додатоци е популарно да се користат на долниот капак. Природниот и сјаен тен се појавува во најдобрите модни магазини. На подолг рок, мислам дека 90тите ќе нѝ се вратат во тренд. Држете ме за збор. Ако сакате да ги следите трендовите секогаш адаптирајте ги на она што вам лично ви прилега.

Кои се твоите најважни совети за девојките што сега почнуваат да се шминкаат? Што е почетничката лекција?

Запознајте се со вашето лице. Одговорете си на неколку едноставни прашања: Каква е неговата форма? Кои се недостатоците? Што најмногу ви се допаѓа? Откако ќе си одговорите на овие прашања истражете кои се техниките и триковите за вашите потреби. Потоа, ќе ги купите и соодветните производи за намената. Не се раководете исклучиво од трендовите. Стилот на шминка е сопствен визуелен идентитет.

10868301_10152928384566052_4866299770071786492_n

Фото: Миладин Паповиќ

Актуелни се матурантките и невестите. Кои се твоите совети за избор на стил на шминка?

Ова се пригоди што се важни. Препуштете се на професионалец кому му верувате. Природна е желбата во овие прилики да блеснете, но тоа не значи дека треба да изгледате како некоја друга. Напротив,  задржете го својот идентитет.

Матурантките треба да си дозволат да бидат поинакви и да експериментираат. Се радувам кога ќе речат „сакам нешто интересно и необично“. Ова е период на наоѓање на својот стил и шминката треба да биде откривање на нешто ново. Идолите често влијаат, но сè е поинаку кога ќе се праша: Кој дел од лицето најмногу си го сакаш?

Невестинската шминка е технички карактеристична бидејќи треба да биде трајна, да задоволи фотографски стандарди и истовремено да делува меко во живо. Естетски, природниот изглед и умерената јачина се соодветен избор. Ако носите бела венчаница, изборот на шминка и нејзините бои треба, пред сè, да соодветствува на тенот, косата и очите.

Кои се твои омилени шминкери од кои си учел и ја следиш нивната работа?

Kevyn Aucoin го сметам за основач на модната шминка. Тој е оној што ги креираше изгледите на топ моделите во 90-тите. За жал не е помеѓу живитеи добро е што зад себе како наследство остави неколку книги коишто ми се од омилените. Ја ценам и следам работата на Billy Brasfield кој го сметам за симбол на остварувањето на „американскиот сон“ бидејќи сосема наивно и спонтано навлегува во светот на шминката и станува еден од најпознатите уметници во ова поле на нашето време. Ми се допаѓаат и шминкерите кои го пренесуваат своето знаење на социјалните медиуми  како Lisa Eldrige.

Понекогаш сакам да се потсетам на умешноста на старите мајстори што од  занает направија уметност. Биографијата на Max Factor е одличен приказ за тоа како практичната работа ги изведува правилата и како тие можат да го диктираат идентитетот и перцепцијата за убавината.

Како учебници и извор на знаење ги препорачувам и користам книгите на Kevyn Aucoin, Scott Barnes, Rae Morris, Bobbi Brown и Robert Jones.

5

Актерката Наташа Петровиќ нашминкана од Виктор (креација: Ирина Тошева/ фото: Миладин Паповиќ)

Издвој за нас 5 основни производи за шминка што секоја жена треба да ги поседува

1) Крема за лице / производи за нега

Шминката и козметиката за нега се разликуваат. Но, нивниот спој е неизбежен. Негувањето на кожата е неопходност. Кога шминкам секогаш започнувам со користење производи за нега и со масажа. Посветете соодветно внимание на  вашата кожа, а таа ќе ви возврати со  убавина.

2) Пудра/ коректор

Дури и беспрекорниот тен изгледа уште поубаво кога ќе се изедначи, ќе добие сјај и совршена текстура со само неколку капки пудра. Пудрата и производите за тен се најголемото оружје на шминката и веќе сите сме свесни дека умеат да избришат години и умор од лицето.

3 виктор

Фотосесија за Olimpia Bijoux – Bridal (фото: Миладин Паповиќ/ модел: Ангелина Китановска)

3) Руменило

Руменилото дава живост на ликот. Нијансата е пожелно да е компатибилна со карминот. Пробајте да ставите малку од руменилото и на очните капаци. Вака ќе постигнете ефект на свежина.

4) Маскара

Добрата маскара може да постигне ефект на целосна шминка. Не заборавајте од време на време да ја исчистете четката од насобраниот вишок производ.

5) Кармин/сјај

Без разлика дали усните ви се адут или не, насмевката е повпечатлива со малку кармин или сјај

17865322838_f4e6df422e_k

Едиторијал за колекцијата „Енхалон“ на Ирина Тошева (модел: Ивана Гелева/ фото: Миладин Паповиќ)

Омилените производи со коишто работиш

Кога го средувам куферот, одозгора ги ставам производите за коишто знам дека ќе ги искористам иако имам избор од различни варијанти. Ќе ви откријам три.

„MAC Full Coverage Foundation“

Оваа пудра ја сакам затоа што во зависност од техниката може да биде лесна или да покрие буквално сè. Развиена е за професионална употреба и секогаш ја користам кога работам шминка за фотографија.

„Yves Saint Laurent Souffle D’Eclat“

Ова е мојот магичен прав. Го нанесувам на крај низ целото лице и ефектот е како да сте така родени. Завршниот ефект што се постигнува е сосем природен (ниту мат, ниту сјаен), а шминката ја прави потрајна.

„Lancôme Liner Plume“

Бев скептичен за тушевите за очи во облик на фломастери додека не го пробав овој практичен производ. Апликаторот е мек и доволно долг за да можам да имам слободен потег. Ми се допаѓа прецизноста и трајноста.

6 viktor

Шминка за различни фотосесии за дизајнерката Ирина Тошева

8 viktor

Модел: Моника Алексовска/ Фото: Виктор Наумовски

7 viktor

9 viktor

Модел: Ана Ежова/ Облека: Ирина Тошева/ Фото: HLVK by Goran V. Popovski

10 VIKTOR

 

12

Модел: Мила Ѓоргиева/ фото и постпродукција: HLVK by Goran V. Popovski

Lancomemake up portfolioMax FactorOriflameYves Saint LaurentВиктор МирчевскиВиктор НаумовскиГоран ПоповскиЕликсир Ексклузив парфимериитеИрина Тошевамакедонски шминкериМиладин Паповиќтуторијалшминка
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry Мода

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

  • ana de armas шминка-фризура

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

  • dior rouge (1) шминка-фризура

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

    април 16, 2021
  • Annabel-Rosendahl

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

    април 16, 2021
  • gucci aria (4)

    Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

    април 16, 2021
  • kopenhagen

    Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

    април 15, 2021
  • DIOR

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

    април 15, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics