• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Македонката Геновева Кристоф успешно ја освојува американската модна сцена

Од Катерина Трајановска · На ноември 9, 2015

2 Македонското внимание го привлече пред неколку години кога настапи на дизајнерско шоу спонзорирано Diet Pepsi и во партнерство со славниот Сајмон Донан, за време на Њујоршката модна недела во 2012 година, а потоа и кога учествуваше на натпреварот на модни дизајнери на Адријана Пател за E! и го освои второто место. А американското внимание го држи будно неколку години. Родена во Ресен, Геновева една деценија живее и работи во Колумбус, главниот град на американската држава Охајо. Таму во 2009 година дипломира моден дизајн на Колеџот за уметност и дизајн (Columbus College of Art and Designs)и со години е значаен делува на тамошната сцена. Да се биде успешен во Колумбус не е мала работа, бидејќи градот е прогласен за трет моден центар во САД по важност, Њујорк и Лос Анџелес. Креира елегантна, префинета и современа облека, во последните колекции акцент е ставен и на деталите од ласерска сечена кожа, кои се мотив во нејзината неодамна лансирана линија модни додатоци. Во октомври ја претстави новата колекција на модната недела во Колумбус, каде што се претставува од 2011 година. genoveva cristof -Пред неколку недели ја презентирав колекцијата за пролет-лето 2016 на Fashion Week Columbus, Finale show. Силуетите на дизајните се инспирирани од 50-тите години, додека ласерските исечоци на креациите и модните додатоци од арт-деко стилот. Колекцијата е направена од луксузни материјали (светликави, металик материјали, 3Д брокат), искомбинирани со кожа и ласерски исечоци. Некои од нив се декорирани со црни нитни и црни Сваровски кристали. Од боите доминираат јаки тонови на скапоцени камења, зелената, црвената, тегетот и црната.

4

Од ревијата за колекцијата за пролет-лето 2016 на Fashion Week Columbus

>>Што е карактеристично за модната недела во Колумбус и за модата во тој дел од САД?  -Колумбус е седиште на големи компании како што се Victori’s Secret, Abercrombie & Fitch, Lasenza и Express меѓу другите. Исто така има и голем број на независни дизајнери. Columbus College of Art and Designs и други факултети секоја година подготвуваат нови таленти. Исто така во Колумбус има неколку големи модни настани: Fashion Week Columbus, Fashion Meets Music Festival, Highball Halloween, FMMF, Alternative Fashion Week и други. Затоа Колумбус неодамна беше прогласен за трет по ред моден центар во САД, по Њујорк и Лос Анџелес. Откако градот е прогласен за Fashion Capital, луѓето инволвирани во модната индустрија даваат посебен напор модната сцена во Колумбус да стане уште подобра. Многу сме далеку од Њујорк и Лос Анџелес, но сепак се гордееме што сме прогласени за моден центар.

5 Diet Pepsi Style Studio

Креација на Кристоф на Diet Pepsi Style Studio Show во Њујорк

>>Што е карактеристично за твојата работа, како би го дефинирала стилот на кој креираш?  -Мојата работа почува да е препознатлива по луксузните материјали, laser cut деталите, кожата која е комбинирана со различни понежни материјали. Моите дизајни се елегантни, женствени, софистицирани, но во исто време забавни, шик и секси. Креирам уникатни модерни дизајни за модерна девојка која е социјално активна и цени квалитет.

1

Колекцијата на Геновева во моден едиторијал за познатиот лондонски магазин Schön! Magazine (подолу може да ја видите целата фотосесија)

>>Каде се продаваат твоите колекции? -Облеката се продава по специјална нарачка, а модните додатоци ги продавам на мојата веб-страница, потоа online на околу 50 други страници со САД и пошироко, и во неколку продавници. Доколку некој од Македонија е заинтересиран, модните додатоци ги продавам на неколку европски сајтови: ShopRoad http://shoproad.it (италијански) и Milajki http://www.milajki.com (шведски). Има и некои други европски сајтови каде може да се најдат некои од моите додатоци.

5

Модни додатоци од ласерски сечена кожа

>>Дали некои од твоите креации ги носат познати личности и кои се ѕвездите што би сакала да ги облечеш?  -Претходната година Masika Kalysha од реалното шоу Hip Hop Hollywood носеше еден од моите дизајни во емисија на E! телевизија. Исто така KeyshiaCole носеше мој додаток на концерт.

7 bellomag

Bello Magazine

>>Минатата година почна да креираш колекција на модни додатоци, за што поточно станува збор?  -Модните додатоци се направени од кожа, со елаборирани ласерски исечоци и некои од нив декорирани со Сваровски кристали и нитни. Многу се лесни за носење, затоа што кожата споредено со металот е многу полесна. Исто така, голем дел од времето работам на компјутер, па кога носам метална белегзија таа чука од масата и тоа им смета на сите околу мене. Мислам дека повеќето жени го имаат истиот проблем. Тоа е една од причините што работам само со кожа. Во последната колекција креирав и обетки, многу се лесни, не ги ни чувствуваш, додека големите метални обетки обично се многу тешки.

6

Masika Kalysha од реалното шоу Hip Hop Hollywood и Keyshia Cole во креации на Геновева

>>Како всушност почна твојата модна приказна и како течеше пробивот на тамошната сцена? -Модата и уметноста почнаа да ме привлекуваат од многу рана возраст. Бев фасцинирана, но и од тоа како убавата облека нè прави да се чувствуваме. Посебна возбудливост и среќе се будеше во мене кога ќе видев посебен дизајн, и ако можеше да го имам тој дизајн, тоа ме правеше посебно среќна. Модата е форма на уметност која знае да нè однесе на возвишено место. Првиот момент кога добив идеја дека сакам да бидам моден дизајн, е кога ги направив моите први панталони и блузичка од стари фустани од мојата мајка. Јас ги скроив, мајка ми ги соши на нејзината машина. Кога завршив средно училиште, во Македонија немаше многу можности за модни дизајнери, затоа не се длучив да запишам моден дизајн. Зборував со моите родители за опцијата да студирам во Италија, но немавме можности за тоа. Кога се преселив во САД добив можност да почнам од почеток и се одлучив да се запишам на факултет за моден дизајн. >>Иако студираше моден дизајн во Колумбус и работиш и живееш во САД, колку си запознаена со македонската модна сцена, дали успеваш да ги следиш македонските креатори? -Следам некои од дизајнерите и тоа што се случува на Моден викенд-Скопје.

2012

Креации од 2012 година

>>Кои дизајнери ти се омилени? -Имам многу омилени дизајнери и брендови, но ќе споменам неколку – Рикардо Тиши, креативниот директор на „Балесијага“, неговите дизајни се елегантни, силуетите архитектонски и малку мрачни, тоа ме привлекува кај него. Потоа Албер Елбаз, кој беше креативен директор/дизајнер во „Ланвин“, неодамна го напушти брендот и едвај чекам да видам кој ќе биде неговиот следен чекор. Тој Многу добро ја познава жената и креаира дизајни кои се носени од жени од различна годишна возраст. Неговите дизајни се убави, едноставни и женствени. Александар Меквин ми беше еден од најомилените дизајнери, визионер и неповторлив. >>Кои моменти и проекти ги сметаш за најуспешни во досегашната кариера и кои се плановите за иднина? -Успех за мене е постигнувањето на поставените цели и чекорење на патот на остварување на сонот. Посебни моменти, меѓу другите, би биле презентирањето на дизајни во центарот Линколн во Њујорк, како дел од модното шоу Diet Pepsi Style Studio Show, организирано од Diet Pepsi и беше посетено од познати личности како Мери Кејт Олсен, Дебра Месинг и Анџела Симонс. Премногу е тешко и ретко зановите дизајнери да имаат таква можност. Тоа беше преубаво искуство.  Потоа второто место на натреварот на Адријана Пател за E! Design Contest, од вкушно 670 дизајни. Успех е можноста два пати да ги видам моите дизајни на национална телевизија. Плановите се мојот бренд да расте посепено и да биде носен од луѓето на глобално ниво.   1

Фотографија:  Dalong Yang, Шминка и фризура: Ludie Senatus, Модел: Rachel Ninke, Стилист: Mitch McGuire

2 3

4

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

Fashion Week ColumbusSchon MagazineГеновева КристофКолумбусмодни додатоципролет-лето 2016
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics