Малите потпетици ќе владеат сезонава, на што ќе се израдуваат жените, бидејќи ниските чевли гарантираат удобност. Но, тоа не значи дека новите стилови не чевли заостануваат во однос модниот израз, напротив носат една нова елеганција и дамски изглед, Трендот на мали потпетици го понудија повее дизајнерски куќи, највпечатливи беа моделите на „Диор“ – шпиц напред, отворени пети и мала накосена kitten потпетица за доза на дамски изглед. Овој Диоров модел е голем хит, а примерот вообичаено го следат high street брендовите со свои верзии. Нам ни се допаднаа оние од кадифе на шпанскиот бренд „Манго“ кои кај нас се достапни во две бои – црни и црвени со бел ластик. Лесно се прилагодуваат на различен стил и се комбинираат во деловни изгледи, со фармерки за ноншалантност, со елегантни здолништа и фустани за дамски стил.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари