Добриот мантил е основа во есенската гардероба и модно парче што сите жени го имаат во својот плакар. Му пркоси на трендовите и класичниот модел е секогаш во мода, но умешно се прилагодува на сезонските тенденции и се појавува во нови модерни форми. Неколку сезони наназад, а и оваа есен, ќе се носат долги и широки мантили. Се комбинираат со фармерки, панталони и фустани, добро стојат со салонки, чизми, но и со патики, може да се носат врзани со ремен и со марама наметната врз нив. Еве неколку идеи од уличната мода.
Нема коментари