Со природен изглед, без шминка, манекенките се појавија на пистата на вчерашната ревија на славниот креатор Марк Џејкобс. За време на презентацијата на колекцијата пролет-лето 2015 на Модната недела во Њујорк, моделите не носеа ниту кармин, ниту пудра, маскара или пак руменило. Мејкап артистот Франсоа Нарс, кој беше задолжен за изгледот на моделите на ова шоу, им нанесол само навлажнувачки лосион на лицето. Ова е неочекуван чекор на дизајнерот, со оглед на тоа што шминката игра голема улога во „донесувањето“ на новите колекции. Од друга страна, многумина, кои ја преферираат природната убавина на жените, ја поздравија оваа одлука.
Според Нарс, Џејкобс самиот побарал манекенките да изгледаат како „армија модели“ и негова била идејата тие да се појават без шминка. И без тоа, мејкап артистот сакал да остави свој белег во изгледот на моделите. Вели дека му се придружил на трендот за свеж, природен изглед. Истакнува дека не му се допаѓа што постојано се инсистира моделите да изгледаат „здраво“ со румени образи и без подочници. Нагласокот во овој случај е преку косата на манекенките, кои сите , ккао армија, беа со црни боб-фризури.
Нема коментари