• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Марина Цигарида: Купениот „розов“ производ е материјален доказ дека сте биле хумани барем за миг!

Од stylist @StylistMKD · На март 10, 2015

 marina avon 3

Компанијата AVON во своето портфолио вбројува и производи наменети за добротворни цели, чиј профит целосно оди во хуманитарните кампањи за борба против ракот на дојка и семејното насилство. По успешната кампања во Македонија под мотото „Засвети розово“ чија цел беше да се подигне свесноста за ракот на дојка, AVON истовремено за својата продажна структура најави и дека оној кој во период од 12 месеци ќе оствари најголема продажба на добротворните „розови“ ќе се здобие со престижната титула „Амбасадор на хуманоста“. Од компанијата велат дека оваа иницијатива е со цел да се поттикнат луѓето на поголема солидарност со жените кои боледуваат од ракот на дојка, а на својата последна Национална конференција AVON и го прогласи својот хуман амбасадор.

Пред сè, како Амбасадор на хуманоста, што за тебе претставува оваа титула?

МЦ: Досега сум добила највисоки награди и признанија за мојата работа, за различни категории и параметри кои го оценуваат нашиот професионален опус. Сепак, да бидам искрена, оваа награда ми е најдрага, затоа што го засега моето лично ангажирање во овој сегмент  – борба против рак на дојка.

Титулата е врз основа на остварена најголема продажбата на производите со розова панделка во период од Кампања 17 2013 до Кампања 17 2014. Дали твојата продажба е токму поради здобивање на оваа титула, дали можеби те мотивираше наградата, или пак се работи за нешто друго?

МЦ: Во моите лични нарачки, секогаш се наоѓаат и производи од категоријата „розова панделка“. После објавувањето на веста дека AVON ќе промовира „Амбасадор на хуманост“ мојата заложба за продажба на овие производи беше дополнително катализирана и засилена, бидејќи и лично посакував да се здобијам со таа титула која ќе ми овозможи јавно да проговорам за оваа чувствителна тема, за превентива и мерки на лекување, како и да ја промовирам најблагородната мисија  на нашата компанија – Хуманитарна поддршка за таргетираната група на заболени, но и за истражување во борбата против ракот на дојка како најраширена болест на денешницата кај жените во Македонија и светот, општо.

 Што за тебе претставува најголема мотивација да продаваш производи за добротворни цели? Дали можеби имаш некоја лична причина?

МЦ: Солидарноста и хуманоста можат да се поттикнат, но најважно од сè е секој од нас да ги носи во себе во вид на карактерна особина или внатрешен порив да се помогне некому кој е во неволја. Верувам, дека оние кои доживеале лично искуство или преку некој близок, повеќе се ангажираат затоа што ја знаат моќта и потребата од помош во такви ислучителни ситуации. Досега, сведоци сме дека луѓето во Македонија се навистина солидарни и најчесто донираат средства преку СМС пораки. Мојата цел е да ги мотивирам сите наши клиенти да донираат преку купување на „производите со РОЗОВА панделка“, бидејќи купениот производ (шолја со лого, приврзок, огрлица, налепници и сл.) е материјален доказ кој пред себе ќе ви биде симбол дека сте помогнале некому. Кога наутро пиете кафе или чај во Вашата „розова шолја“ си го негувате чувството на лична сатисфакција дека сте придонеле и сте биле хумани за миг! Непроценливо!

 marina avon 2

Сметаш ли дека AVON како компанија прави доволно за здравјето и благосостојбата на жените? Што според тебе ја прави AVON општествено одговорна компанија?

МЦ: Моето речиси 10-годишно работно искуство со AVON, поминало низ сите фази: презадоволен клиент, претставник, лидер и регионален менаџер. За сите периоди – континуирано сум ја имала перцепцијата дека работам за компанија која се труди да ги профилира потребите на жените и да им помогне да бидат самостојни, со поголема самодоверба и директно да ги катапултира рамо до рамо во бизнис светот, за кој сè уште важи непишаното правило дека им припаѓа на мажите. Жените кои работат во AVON и се носители на големи функции, позиции и титули го допираат и социјалниот феномен за успешна професионална дама, сопруга и мајка -истовремено. Дополнителните ангажмани  и заложби на нашата компанија во борба за еколошки здрава зелена околина, во борба против семејното насилство и пред сè во борба против рак на дојка, се уште една позитивна страна која оди во прилог на имиџот за општественоодговорна компанија, што е вистинска реткост.

Случајно се совпадна Амбасадорот на хуманоста на AVON истовремено да биде и Зонален Менаџер. Дали на твојот тим ја пренесуваш хуманата порака на AVON и што правиш да ги мотивираш твоите координатори?

МЦ: Можеби е случајност, но тимовите најчесто прилегаат на нивните лидери, на зоналните манеџери. Досега, во нашата зона, се промовирани голем број на хуманитарни акции за потпомагање на осетливата група на заболени пациенти/ки од рак на дојка. Исто така, групно како тим, сме посетиле предавања на здружението „БОРКА“, со цел и самите лидери да дознаат нешто повеќе на оваа тема и да бидат информирани. Главната алатка ни останува продажбата на производите со розова панделка, со цел донираните средства да отидат на вистинското место. Сепак, секојдневно, се залагам да генерирам свесност кај координаторите дека не само по потреба, туку СЕКОГАШ да бидат хумани!  Дополнително одвоените средства на клиентот од 100-500 денари за некој „розов производ“ на некому можат многу да значат! Затоа, при одржување на сите средби според стандардот на AVON имаме имплементирани информации во врска со Мисијата на AVON во борба против рак на дојка. Важно е да се знае, но уште поважно е да се каскадира информацијата до сите наши клиенти и претставници! Да се шири гласот насекаде!

Сметаш ли дека лично правиш доволно во борбата против ракот на дојка?

МЦ: Јас имам  поттик секогаш да правам повеќе и повеќе во врска со борбата против рак на дојка. Со оглед дека имам и личен аспект и доживување по ова прашање – мислам дека никогаш нема да престанам да се борам за излекување и надминување на оваа болест! Во нашата фамилијарна историја и анамнеза сме имале случаи кои за среќа имаат успешен и среќен исход. Сознанието е дека оваа болест, иако има возрасни ограничувања и ризични категории, сепак е непредвидлива и секој може да биде засегнат. Затоа можам да потврдам дека токму  тоа од мене направи похрабар човек кој е решен да биде гласник и промотер во борбата против рак на дојка!

Како Амбасадор на хуманоста во борбата против ракот на дојка, што би порачала на останатитеAVON Претставници, но и на луѓето воопшто? Пред сè, дали и понатаму ќе продолжиш во оваа добротворна мисија?

 МЦ: Мојот апел до сите е пред сèда почнат повеќе да се информираат запојавата и зачестеноста на оваа болест и исто така за тоа што AVON досега го има направено во светски рамки во оваа област – БОРБА ПРОТИВ РАК НА ДОЈКА. Конкретно за Претставниците, мислам дека чувството дека работат за ваква компанија ќе ги направи горди и ќе ги поттикне да ги мотивираат своите клиенти преку купувањето на „розовите производи“ да се вклучат во нашата хумана мисија во многу поголем одзив од досега. Мојата добротворна мисија, особено сега кога и официјално сум назначена за „Амбасадор на хуманост“, ќе биде еден долгорочен, сериозен проект кој ќе опфаќа многу промотивни настани, медиумска покриеност преку гостувања на ТВ, радио, магазини и сл., со цел да се вклучат повеќе луѓе, пред сè нашите клиенти и претставници. Да го оправдаме нашето мото и лого  – да бидеме компанија НЕ само за ЖЕНИ, туку компанија за СРЕЌНИ И ЗДРАВИ ЖЕ НИ!

AVONАмбасадор на хуманостаборба против рак на дојкадобротворни производиМарина Цигарида
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics