Шпанскиот бренд во колекцијата за есен-зима 2013/14 понуди неколку совршени модни бизнис-решенија за современиот маж. Машкиот модел Еди Клинт позира во впечатливи и импресивни комбинации на „Зара“ кои вклучуваат удобни капути, плетени џемпери, елегантни костуми, класични панталони и кожени јакни, стилизирано со зимски додатоци како шалови, ракавици и федора-шапки. Облеката од колекцијата е прилагодена на правила на деловно облекување, но со својот омекнат и неструктуриран облик ја избегнува строгоста на конвенционалната бизнис-мода.
Нема коментари