• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Уникатен матурски изглед со брендовите на Fashion Group

Од stylist @StylistMKD · На април 29, 2015

Во пресрет на матурските прослави компанијата Fashion Group подготви водич со предлози од брендовите кои ги застапува, кој може да ви помогне во оформумањето на стајлингот наменет за таа пригода. За комплетен матурски изглед не е доволно на најдете само фустан што ви се допаѓа или машки комплет, туку внимателно да ги одберете и другите елементи, почнувајќи од долна облека, преку свечен накит до соодветни обувки.

1 mango

Креациите на Mango е често изборот на девојките кога бираат што да облечат за матурската вечер. Така, брендот секогаш има да понуди свечени и елегантни фустани или панталони и кошули, во најразлични бои и кроеви. Исто така, има широк изборот на чевли и модни додатоци, кои ќе го надополнат матурскиот изглед.

2 bitsiani

Bitsiani изработи специјален каталог за машките матуранти, кој претставува одличен водич за некои основни работи кои треба да се почитуваат или пак да се научат за да имате соодветен свечен изглед. Во него може да се најдат примери како да комбинирате различни бои и дезени, неколку начини да врзете вратоврска, како да носите смокинг, правилно комбинирање на вратоврска пеперутка и џебно марамче, совети за надоградување на вашиот стил и оддржување на различни типови на чевли. Корисен прирачник кој треба да го поседува секое момче за да прерасне во маж со стил.

3 FF

Од мултибрендот Fashion & Friends, момчињата и девојките имаат голем избор. Понежниот пол може да најде свечени, елегантни комбинации во светли бои од брендовите Guess, Gaudi, Maison Scotch, Amsterdam Blew, Replay или Desigual, а посилниот пол ќе најде штосни палта во Diesel, кошули со интересен дезен од New Zealandи Scotch & Soda.

4 boss

 

Со Hugo Boss никогаш нема да погрешите. Момчињата кои сакаат посериозен и поелегантен изглед на матурската вечер, можат да ја направат својата комбинација во овој бренд, кој ќе направи да изгледате како да сте излегле од моден каталог. Од овој бренд може да се „опремите“ од глава до петици. Од свечени одела, до посебни палта и панталони во сини и крем нијанси, како и модни додатоци кои ќе го „зачинат“ вашиот изглед и ќе ви помогнат да изгледате модерно и луксузно.

6 bata

Bata за понежниот пол предлага чевли со сребрен дезен од змиска кожа или пак елегантни сандали во крем и индиго сина боја, надополнети со кристали за полуксузен изглед. Момчињата може да бираат од широкиот асортиман на чевли – оксфортки, бродарици, сафари или дерби чевли во различни бои и нијанси.

7 spf

За поопуштен изглед на момчињата и девојките, може да ги пронајдете вашите матурски парчиња во Springfield. Машките можат да избираат од тексас кошули, кошули со принт или пруги, во комбинација со палта со интересен дизајн. Девојките пак можат да бираат од цветните модни парчиња облека, како кошули или пак комбинизон.

8 celio

Во Celio* момчињата може да бираат помеѓу полежерен или посвечен стил за матурската вечер. Од кошули со шарен принт, до класични палта и панталони во земјени бои.

9 parfois

Модните додатоци веќе нема да ви претставуваат проблем, бидејќи португалскиот бренд Parfois ги има правилните аксесоари. Нараквици, ѓердани или обетки со кристали во најразлични бои и форми, ќе одговараат на секаква комбинација. Исто така, чантите се неизбежен дел од изгледот, па тука може да изберете модели во пастелни бои кои нема да го одвлекуваат вниманието од другите аксесоари.

10 ws

Долната облека е многуважна за девојките, бидејќи доколку изгледот вклучува фустани или кошули кои се проѕирни, мора да бидете сигурни дека бојата на градникот ќе одговара и ќе се совпадне со она што го носите, не треба да биде контрастен и да се разликува. ВоWomen’secret може да најдете долна облека од различни материјали, нијанси кои ќе се совпаднат со вашата матурска комбинација. Исто така, доколку носите нешто без ракави, задолжително треба да се снабдите со градник без прерамки, а од овој бренд може да најдете различни модели.

11 geox

Geox нуди голем избор на посвечени сандали кои се издвојуваат од останатите брендови со својата удобност. Оксфортките за момчињата се секогаш сигурен избор за свечен изглед, но за полежерен стил, брендот нуди еспадрили или мокасини кои ќе ја комплетираат целата комбинација.

12 golden-point

Доколку девојките сакаат да стават акцент на нозете, освен со правилниот пар чевли, треба да се внимава при изборот на хулахопки или чорапи. Golden point нуди шарени хулахопки, со интересни дезени кои ќе направат да се разликувате од останатите, но за оние кои сакаат посуптилен дизајн или пак се одлучат за едноставни и еднобојни хулахопки, брендот го има тоа што ви е потребно.

13 tbl

За урбаните момчиња Timberland нуди панталони во силни бои ка кожолта, зелена, црвена, сина, додека за горниот дел, карирани кошули или оние со суптилен дезен или пак едноставни еднобојни кошули се соодветен избор, кои правилно треба да се искомбинираат со соодветниот ремен и пар чевли. Девојките кои ќе се одлучат за полежерен стил, но истовремено сакаат да бидат модерни, можат да го пронајдат идеалниот пар кожени чевли во земјени бои од овој бренд.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics