Козметичкиот бренд Maybelline првпат ангажира машко заштитно лице. Станува збор за американската YouTube-ѕвездата Мани Гутиерез, кој се појавува во новата кампања на Maybelline за маскара. Мени (25), познат како Manny MUA, на својот Јутјуб канал има повеќе од 3 милиони следбеници. Самиот има лансирано колекција со сенки за очи во соработка со брендот Makeup Geek и сет на сјај за усни со етикетата Ofra. Тој е делод новиот бран на машки бјути блогери, кои се шминкаат и даваат совети на социјалните мрежи за убавинана своитемилионски следбеници на повеќе платформи на интернет.
Потегот на Maybelline New York да ангажира машко заштитнолице за промоција на своите шминки следи по успешниот обид на неколку други брендови како Cover Gir, NYX, Milk Makeup и Anastasia Beverly Hills.
Нема коментари