Меган Маркл, односно Војвотката од Сасекс, која што официјално е на породилно отсуство, вчера изненадно се појави на Вимблдон, за да го изгледа тенискиот меч на својата пријателка Серена Вилијамс. Повторно внимание привлече нејзиниот изглед, а таа носеше комбинација од лежерно, но шик сако, фармерки, салонки, црна блуза и шапка во панама-стил. Меган околу вратот имаше нежен ѓердан со привезок со буквата А, односно иницијалот на нејзиниот син Арчи од бракот со британскиот принц Хари.
Како и секогаш облеката што ја носи буди голем интерес, а лененото сако со потпис на брендот L’Agence е скоро распродадено.
Нема коментари