• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

МИХАЕЛ КВЕСТЕР: Џони Деп и Пинк први ги носат моите креации

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На декември 25, 2013

Колку развојот на новите технологии e битен, на време и многу добро го има разбрано младиот австриски дизајнер Михаел Квестер, кoј за многу кусо време ги претрка своите постари колеги. Преку социјалните мрежи и своите сопствени контакти, за само пет години од основањето на својата модна куќа Cassida, тој успеа да допре до најголемите светски ѕвезди, кои сè повеќе се приврзаници на неговиот моден бренд. Со него се стретнавме деновиве во Виена. Во ексклузивното интервју вели дека холивудските ѕвезди сакаат да ги имаат само најновите работи, секогаш пред да излезат на пазарот.
-Имавме среќа што на Џони Деп, Пинк, „Блек ајд пис“ веднаш им се допадна нашата облека и така работата молскавично се разви. Тие ѕвезди денес први ја добиваат колекцијата и со задоволство ја носат. Најважното е што ние не ги плаќаме ѕвездите за да ја носат нашата облека. Тоа е правило на нашиот бренд. Облеката или им се допаѓа или не.

Листата на познати имиња кои носат креации на Cassida во светот рапидно се шири: Моби, Пит Бул, Ерик Морило, „Рамштајн“… Дизајнерот за одредени ѕвезди изработува поедини линии, кои најдобро одговараат на нивниот карактер.

-Во Лос Анџелес ја имавме првата своја голема ревија. Гости беа членовите на „Блек ајд пис“ и одеднаш дојде целиот бенд на „Ол фор уан“ (All 4 One) . Така ги запознавме нив, а бидејќи тие познаваат други актери тоа така се шири. Кога ќе запознаеш некои луѓе, понатаму е едноставно.

Со актерот Ијан Зиринг (лево) се најдобри пријатели

Со усно рекламирање и пофалба за Михаел и неговата работа брзо се расчу во Холивуд, и актерот Ијан Зиринг, познат по улогата на Стив од серијата „ Беверли Хилс 90210 “ денес е негов добар пријател, па за досетливиот австриски дизајнер патот беше отворен.

- Почетокот е многу тежок. Џони Деп е да речеме многу голема ѕвезда. Но имавме среќа, нè поткрепи. Тоа е голем комплимент за мене и мојот бренд кога познати имиња ја носат мојата облека. И тоа без надокнада.

 

Интересно е  дека тој нема формално модно образование. Но, отсекогап се интересирал за модата иако претходно само како косумент. Тоа и била причината зошто почнал да се занимава со дизајн, бидејќи не можел да го најде она што го барал за себеси.

- Сaмо сакав кошули за себе, сакав да имам скроени кошули, со навистина добар квалитет, па почнав дадизајнирам маици. По првите успеси си реков: „Во ред, јас можам да дизајнирам и кожени јакни, можам да дизајнирам и чевли исто така“. Па брендот почна да се шири и шири и сега имаме потполна понуда на машка облека, женска облека, сè што сакате – вели тој.

Нагласокот на оваа модна куќа е на луксузот, гламурот и звездениот статус, но облеката ја носат и оние кои гламурозно се чуствуваат во животот, иако можеби не се познати лица. Според Михаел најважно е личноста да се чувствува гламурозно во она што го носи.
-Работиме луксузна улична мода и ексклузивна облека за слободно време. Цените се малку повисоки, но нашата облека е многу квалитетна. Посебноста е во тоа што инспирацијата ни е секогаш стариот Рим. Тоа отсекогаш ме фасцинирало и затоа на маиците имаме секогаш латински изреки како на пример – За мртвите сè најдобро!

Латинскиот јазик во целата приказна не е случаен. Грижливо осмислен е секој чекор на тимот на Cassida и тоа резултира со сè поголем успех на меѓународна сцена . Тој вели дека отсекогаш го сакал стариот Рим, а зборот Касида (Cassida) на латински значи метална кацига. Римската декаденција и луксузот на стариот Рим се дел од секоја колекција.

 

Ширењето на брендот значи и ширење на бизнисот, па така неодамна е потпишан договор со најпознатиот произведувач на килими Омар Бесим, чиј еден таков килим веќе ја краси луксузната вила на Ијан Зиринг во Холивуд. Колекцијата на килими е насловена Cassida  for Omar Besim. Тоа е сосем поинаков  и сосем нов дизајн. Освен седумте града во светот во кои досега се продава овој луксузен бренд: Виена, Санкт Петербур, Њујорк, Лос Анџелес, Москва , Мајами и Милано, плановите се во најскоро време да се прошири низ повеќе градови во Европа.

Ексклузивно од Виена: Снежана Богдановска

CassidaЏони ДепВиенаИјан ЗирингМихаел КвестерПинк„Блек ајд пис“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • адвоа и кесева абоа

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

    јануари 18, 2021
  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics