• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

МИЛА КАДРИУ @ FWSK: Мода и бранч за необични и смели жени

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На март 17, 2014
1

Фото by FWSK

Името на Мила Кадриу асоцира на префинети вечерни тоалети и елегантни венчални фустани. Таа во модниот свет преку својот бренд MCouture е препознаена како специјализирана во изработката на фустани кои се гламурозни, но едноставни и носливи во исто време. Иако професор по природни науки, со својот исклучителен осет за тоа што жената посакува и за што има потреба, таа од пред седум години започнува да дизајнира ултра женствена облека како внатрешен порив од кој не може да избега.
-Иако дипломирав на Природно-математичкиот факултет, сепак успеав да го реализирам мојот најголем сон – дизајнирање облека. Колку и да беше тежок патот да се основа бренд во не толку сјаен пазар, а сепак со традиција кога се зборува за текстил, вредеше секој ден напорна работа. Според мене каде и да си, без разлика од каде доаѓаш и кој си ако имаш сон и се бориш да го реализираш тоа и ќе се случи – вели Кадриу.



Нејзиниот дизајнерски процес започнува со конкретна инспирација, без разлика дали е тоа моментно чувство или долга размисла. Потоа следат скици и игра со материјалите презентирајќи си ја така идејата најпрво себе си  пред да го концепира фустанот.
-При крајот на изработката на една колекција веќе знам како ќе изгледа следната, тоа е почетната точка, следува селекцијата на цртежи која ја правиме паралелно со одбирање на материјалите, одредување на палетата на бои, моделирање и понатаму следува изработката. После идејата процесот трае три добри месеци, 6 члена во тимот се вклучени од самиот почеток, а последниот месец работи тим од 12 члена.

Од снимањето на новиот каталог на FWSK

Својата најнова колекција на MCouture за пролет–лето2014, трета самостојна по ред, ќе ја презентирa на 5 април во ботаничката градина „Хорти eксперт“ во рамките на Моден Викенд-Скопје. Настанот е наречен Fashion and Brunch.
-Колку што ми е важна колекцијата, исто толку ми е важен и просторот каде ќе биде презентирана, според мене само така ќе биде доловен комплетно концептот на самата колекција. Ова не е само презентирање, туку и модно шоу. Се е планирано и адаптирано според просторот, нема да има класична писта туку подинамично движење на манекенките. Музиката е веќе во потготовка од наш познат диџеј. Соработката со FWSK  продолжува, има подобрување и меѓусебна доверба што е многу важно за да се постигнат позитивни резултати и да се истрае во напорните подготовки . Очекувам како и до сега позитивен фидбек и качување ниво погоре на MCouture – ќе додаде дизајнерката.
Попрезентирањето во Скопје Мила Кадриу планирa и учество во Приштина, секако продажба во ателјето во Скопје и дел во Струмица преку Casamento!
За самата колекција посочува дека оваа сезона парчињата се малку поразлични од минатите, тие се доста посмирени и не толку свечени.
-Формите се поизразени, но врз транспаретни ткаенини. Силуетата е покомотна, но сепак се наѕира, доминираат црно-белите комбинации врз шарените свили, помеѓу нив се појавуваат кремастата, розевата и боја на јоргован како освежување, а тантелата е застапена делумно – објаснува Кадриу.

1385723_491371697626883_700531607_n

На минатото издание на FWSK Кадриу прикажа колекција инспирирана од Индија

Таа ќе нагласи дека по првите две самостојни ревии во претходните сезони на FWSK, од кои за првата инспирација беше стилот Чарлстон, а за втората Индија, за оваа претстојна ќе рече дека колекцијата е за необична и смела жена, која експериментира и дефинитивно не е класична.
Кадриу презентира дизајни кои се  актуелни, впечатливи и одраз на прецизна работа рефлектирајќи ги последните модни трендови. За неа светските трендови имаат влијание, но дека тука важна улога има и уличната мода. Сепак, пред сè важно е расположението на дизајнерот во моментот на креирање на нова колекција кога едноставно ја имa замислата во својата глава. Издржливоста и довербата во себе ги стекнува за време на нејзината  работa  во САД, a идејата беше да се продадат готови фустани, но потребата била креирање и изработка  по мерка на клиентот.

collage

Од колекцијата венчални фустани прикажана пред еден месец

-Духот на ателјето ме исполнува комплетно, секој фустан станува дел од мене и тоа е разликата со индустриското производство. Работата со клиентите ми е најважна и во тој дел сум целосно посветена, одвојувам време за нови колекции за да биде мисијата комплетирана. Моите клиенти се од различни профили, доминираат жените од бизнис секторот, познати наши личности, имаме доста странци кои се дел од дипломатскиот сектор. Возрасната граница се движи од 25 до 40 години, луѓе кои знаат што сакаат, имаат каде да ги носат нашите креации. Ателјето е отворено за сите жени и девојки кои се пронаоѓаат во нашиот стил – ни кажа Мила.
Освен оваа колекција, која ќе биде нејзина втора за годинава (по Bridal колекцијата), Кадриу планира и колекција за есен-зима што ќе ја претстави во октомври. Има многу планови, но сè во свое време. Веќе следната недела ќе има фотосесија за каталог со наши познати ѕвезди.

FWSKMCoutureмакедонски дизајнериМила КадриуМоден викенд-Скопје
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • 0 marella

    Александар Ношпал за Styling Sessions со Marella: „Има простор за сценскиот гламур и во секојдневието“

    мај 21, 2022
  • 1 zara

    Белиот фустан како моден евергрин во интерпретација на Zara

    мај 19, 2022
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    мај 19, 2022
  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022

Убавина

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • INT_EN_ECN_210006_210007_210008_Anti_Pigment_Skin_Perfecting_Serum_08_2021_static-_FBPost_v2

    Отстранете ги пигментните дамки и заштитете ја кожата во лето со Еуцерин

    мај 17, 2022
  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

    мај 16, 2022
  • manikir

    Розовата и црвената споени на ноктите за разигран пролетен маникир

    мај 9, 2022
  • 11 (1)

    Откријте го новиот производ од линијата Abeille Royalе на Guerlain кој ќе ја смири и ревитализира сувата кожа

    мај 2, 2022

Живот

  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022
  • Strawberry Chia Pudding

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

    мај 18, 2022
  • We edition 2

    Пет причини зошто онлајн шопингот е подобар

    мај 18, 2022
  • CUPIMG_5026

    Во услови на криза мора да се унапредат женските бизниси преку дигитални технологии

    мај 17, 2022
  • evropsko prvenstvo vo tanci (4)

    Приказната на Европското првенство во танци 2022 започна — Флешмоб од над 500 танчери во Ист Гејт Мол!

    мај 16, 2022

Култура

  • SM

    Марио Бионди со прв концерт во Скопје

    мај 17, 2022
  • image4-6

    Битола по 23-ти пат домаќин на Интернационален фестивал на монодрама

    мај 10, 2022
  • dimitar kondovski

    „Ретроспективна изложба“ на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

    мај 5, 2022
  • Изложба на Наташа Неделкова

    Отворање на самостојна изложба на Наташа Неделкова в сабота во МСУ

    мај 5, 2022
  • soc media post kosta petrov

    Промоција на книгата „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

    мај 4, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics