Актерката Мила Кунис пред неколку дена додека гостуваше во шоуто на Конан О’Брајан раскажа дека венчалните прстени ги набавила на интернетската продавница Etsy на која се нудат разни ракотворби од целиот свет, вообичаено по ниски цени. Таму ги нашла бурмите за себе и за Ештон по цена од 90 и 100 долари. Иако заработуваат доволно за скапи прстени, Ештон на пример поради мудрото инвестирање на актерските хонорари вреди неколку стотици милиони долари, сепак Мила признава дека додека барале прстени се преплашиле од цените во ексклузивните јувелирници. Актерката исто така признава дека е доста штедлива, па избрала тенки платинумски бурми со едноставен дизајн, нејзината по цена од 90, прстенот на Ештон чини 100 долари.
Нема коментари