Класичната машката кошула често е основа за дизајнирање на отмени и женствени бизнис-креации. Со корекции во кројот, повеќе креатори успеале да создадат уникатни модели што ја прават жената истовремено елегантна, но и модерна на работното место, без притоа да се наруши бизнис-кодексот на облекување. Ова на ум го има ирскиот дизајанер J.W. Anderson при создавање на капсулната колекција во соработка со онлај продавницата за модерна облека, Net-A-Porter.
Станува збор за реоткривање на базичната бела кошула и на здодевниот машки бел модел со сини пруги. Од оваа соработка произлеглешест шик бизнис-креации: фустан, блуза со карнери, здолниште, корсет и комбинезон, кои може со соодветни додатоци да се носат во кежула и бохо варијанта, но и во канцеларија.
Ова нее првпат моден бренд и продавницада најмат дизајнер(и) да ја редизајнираат белата машка кошула. Во 2007 годинаGap, во соработка со Советот на модни дизајнери на САД и модниот фонд на Vogue ги најмија креаторите од Doo. Ri, Rodarte и Thakoon да создадат капсулна колекција со девет модели чија основа е класичната бела кошула.Оваа колекција беше распродадена онлај само за еден час по ланисрањето.
Нема коментари