Покрај молив-здолништата и оние со макси должина, предност им даваме и на моделите со копчиња на страна. Ги забележавме и во претходните сезони, но оваа пролет 2018 се уште поубави и повозбудливи. Како опција на моделите на преклоп или со висок шлиц, новите здолништа ги има од ленени материјали, со точки и линии, со светен материјал и во интензивни бои, а останал и по некој кариран модел како потсетување на минатата сезона. Понекогаш копчињата имаат практична улога, но на некои креации тие се декоративен елемент. Се комбинираат со памучни маички, лесни кошули на пруги, бели блузи со интересен крој, а летово ќе ги носиме со сандали, сламена шапка и плетена торба.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари