Од сезона во сезона се „налепуваме“ на одредени бои и обожаваме да ги носиме на облеката, предложени од модните брендови или пак од Институтот за бои Pantone. Иако Pantone вели дека боја за 2020 година е класично сината, секако ќе се облекуваме во други бои и минт зелената една од тие што повторно е популарна. Оваа пастелна нијанса е слаткаста и свежа, ја има вметната на различни модни парчиња од сако до панталони, се комбинира умешно со неутрални тонови , но и со интензивни бои (на пример со циклам), а еве неколку примери од модните ѕвезди за инспирација.
Нема коментари